Економија Македонија на 65. место според индексот на просперитет, од 142 земји

Македонија на 65. место според индексот на просперитет, од 142 земји

Македонија се наоѓа на 65. место од 142 држави во светот, според индексот на просперитет што го објави британскиот институт „Легатум“.

Земјата се наоѓа на 86. место во економија, 57. позиција во претприемништво и можности, 70. место во политика, на 74. позиција во образование, 50. е во здравје, 58. во безбедност, 83. во лична слобода и на 96. место во социјален капитал.

Норвешка е најпросперитетна земја на светот, седма година по ред.