Главна секција Македонија, мирна: 48 часа, два митинга, 100.000 луѓе, ниту еден инцидент…

Македонија, мирна: 48 часа, два митинга, 100.000 луѓе, ниту еден инцидент…

Најдобрата вест од двата митинга е дека поминаа без инциденти, иако за само 30 часа во Скопје, според различни процени, се собраа помеѓу 50.000 и 120.000 граѓани.

Во високозапалива атмосфера, сето тоа помина без никаков инцидент, иако некои стравуваа, некои навиваа, а некои, дури, и се надеваа дека ќе има насилства.

Иво Котевски, помошник-министерот за внатрешни работи,  за „Мета“ вели дека полицијата немала никакви интервенции.

– Сè беше мирно. Ние, како полиција, немавме никакви интервенции, ни во неделата ниту, пак, во понеделникот – рече Котевски.