Македонија Македонија конечно го фати вистинскиот пат, оцени генерал Филип Котели

Македонија конечно го фати вистинскиот пат, оцени генерал Филип Котели

Охрид – 17 декември 2017 – Македонија конечно го фати вистинскиот пат, кој ќе не извлече од долгогодишната криза и ќорсокакот како на внатрешен, така и на надворешен план, пред се, во евроатланското поврзување – им се обрати генералот во пензија Филип Котели, претседателот на Сојузот на здруженијата не ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонјија, на своите раководители и членството од општинските организации од Западна Македонија.

Генерал Котели, посебно се осврна на актуелниот момент, од аспект на мирот, безбедноста и взаемното почитување и разбирање.

– Изминатиов месец, имав работни средби со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Можам да ви пренесам дека почувствував вистинска посветеност, во правец на градењето на мирот и безбедноста, што е од особена животна важност, не само за граѓаните во нашата земја, туку и во соседството и регионот – додаде Котели на средбата со здруженијата не ветераните од одбраната и безбедноста за Охрид, Струга, Дебар, Ростуше и Маврови Анови.