Македонија Македонија ќе одржи марш во чест на жртвите од „Шарли ебдо“

Македонија ќе одржи марш во чест на жртвите од „Шарли ебдо“

Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници денеска организира марш во чест на жртвите на терористичките напади во Париз, што почнаа со масакрот на 12 лица во сатиричниот весник „Шарли ебдо“.

Маршот е инициран од апелот на Меѓународната федерација на новинари, Европската федерација на новинари, на француските новинарски синдикати, како и на бројни синдикати на новинари од Европа, во кој ги повикаа своите колеги од светот денеска во 15 часот да учествуваат на маршот во чест жртвите од масакрот во „Шарли ебдо“.

Во Македонија, маршот ќе се одржи во Скопје и ќе почне од Паркот на новинарите (спроти зградата на некогашната НИП „Нова Македонија“), а ќе заврши пред Амбасадата на Република Франција.