Македонија Македонија е на 66. место по индексот на корупција во 2015 година

Македонија е на 66. место по индексот на корупција во 2015 година

Македонија е на 66. место од 168 земји по индексот на корупција во 2015 година, покажува најновиот извештај на „Транспаренси интернешнал“.

Индексот се базира на експертски анализи за корупцијата во јавниот сектор, врз основа на неколку фактори, како тоа дали владини лидери во една држава се сметаат за одговорни поради корупција или се неказнети, дали јавните институции одговараат на потребите на граѓаните, дали се смета дека поткупот доминира во одделна држава.