Македонија Македонец загинал во сообраќајка во Шпанија

Македонец загинал во сообраќајка во Шпанија

Сашо Коцев (33) од штипско Ново Село, загинал минатата недела во сообраќајна несреќа во Валенсија, во Шпанија.

За инцидентот е известена и македонската амбасада, која контактирала со државните и со општинските власти, пренесува „ТВ Стар“. Според неофицијалните информации, гласини во Ново Село, Коцев загинал во бизарна сообраќајна несреќа кога негов близок другар, кој се враќал наназад со товарно возило, го прегазил.