среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Македонец | 19 резултати

Еден од тројцата Македонци на бродот во Јокохама заразен со корона вирусот

февруари 13, 2020

Еден од тројца Македонци што се наоѓаат во карантин на бродот “Diamond Princess” закотвен во јапонскиот град Јокохама е заразен со новиот корона вирус (COVID-19), соопштија од Министерството за надворешни работи (МНР). По потврдувањето на овој случај, Македонецот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија. Македонската амбасада во Токио е во комуникација со споменатиот македонски […]

Бошњаковски: Грција и Македонија го прифаќаат терминот „Македонец“ и за двете земји

јуни 21, 2018

Според договорот, Македонија и Грција го прифаќаат терминот „Македонец“ во двете земји согласно со културите на двете страни, вели портпаролот на македонската Влада, Миле Бошњаковски за грчката телевизија „Епсилон“, на прашањето дали граѓаните во Македонија ќе се нарекуваат Македонци или граѓани на Република Северна Македонија. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Бошњаковски објаснува […]

Македонец осуден на 17 години затвор во САД за продавање украдени финансиски податоци

август 27, 2017

Федералниот суд во Бруклин во петокот го прогласи македонскиот државјанин Џеваир Аметовски за виновен за измама и продавање лични податоци од украдени кредитни картички преку веб-сајт наречен „кодшоп“, соопшти американското обвинителство. Триесетгодишниот Аметовски се соочува со 17-години затвор, а неговите адвокати, како што наведуваат американските медиуми, засега не ја коментираат пресудата. Аметовски, кој на интернет […]

Скопјанец осуден на 20 месеци затвор во Грција за напад на полицајци

јуни 25, 2017

Триесетгодишен скопјанец е осуден на 20 месеци затвор во Грција бидејќи алкохолизиран нападнал тројца полицајци на островот Родос. Како што јавува грчкиот весник „Прототема“, откако се опијанил, скопјанецот се соблекол гол и легнал на маса во ресторан. Полициските службеници побарале македонскиот турист да се облече, по што тој почнал да фрла предмети кон нив кои […]

Почина Мајк Илич, еден од најголемите донатори на ОМД

февруари 11, 2017

Вчера на 87-годишна возраст почина Мајк Илич, еден од најбогатите Македонци во светот и еден од најголемите поддржувачи и долгогодишен донатор на Обединета македонска дијаспора (ОМД). Веста ја соопштија локалните медиуми од Детроит, каде тој важеше за исклучително почитуван и влијателен граѓанин. Мајк Илич (односно Мајк Илиевски, по татково презиме), е роден во САД, а […]

Македонец убил пријател додека правеле „селфи“ со сачмарка во Мелбурн

август 4, 2016

Дваесетгодишен Македонец во Австралија го застрелал и го убил својот пријател додека позирале со сачмарка за да се сликаат, во мотел во градот Мелбурн, пренесуваат светските медиуми. Настанот, како што пишува лондонски „Гардијан“, се случил на почетокот на март годинава, а вчера почнал судскиот процес во врска со случајот. На рочиштето, обвинетиот Македонец, Алберт Раповски, […]

Претстава за предавството во штипскиот театар

април 20, 2016

Психолошкиот аспект на предавството и вечниот сомнеж на Македонецот за предавникот во себе, е основата на која е правена претставата „Суд“ по текст на Коле Чашуле, што премиерно ќе биде изведена в петок, во Народниот театар во Штип. Новата претстава ја потпиша младиот режисер од Штип, Дамјан Читкушев. – Станува збор за многу комплексно дело. Една од […]

Ариан Спасе од Мала Преспа, нов албански амбасадор во Унгарија

март 19, 2016

Претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани, за нов вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Унгарија го назначи Ариан Спасе, допломат од кариера, етнички Македонец од познато интелектуално семејство. Ариан Спасе е внук на писателот Стерјо Спасе, еден од најзначајните претставници на современата албанска литература и еден од најуспешните писатели од македонско потекло во Република Албанија. […]

Не Македонец, туку Црногорец бил уапсен од германските власти

ноември 15, 2015

Информацијата што синоќа ја објави светскиот сервис на „Би-Би-Си“, дека државјанин на Македонија пред неколку дена бил приведен во Германија со автомобил полн со оружје, денеска експресно беше демантирана од германските власти. Според баварската полиција, уапсениот кој во своето возило, марка „голф“, во скриен бункер превезувал цел арсенал автоматско оружје, гранати  и експлозиви, е од Црна […]

Во Париз нема повредени Македонци

ноември 14, 2015

Од македонската амбасада во Франција за МРТ соопштија дека засега нема настрадани и повредени Македонци во синоќешните напади во Париз, во кои, според досегашните сознанија, животот го загубија најмалку 126 лица, во седум синхронизирани напади. Габриел Атанасов, министер-советник во македонската амбасада во Франција, во телефонска изјава за МРТ вели дека досега никој не побарал помош од […]

Македонец почина гол во затвор во САД

септември 25, 2015

Во ужасни услови, во затвор во Детроит, почина 32-годишниот Македонец, Давид Стојчевски, син на македонски иселеници. Давид бил осуден на 30 дена затвор за казна од 772 долари поради непрописно возење, што не можел да ја плати, а веќе 17. ден починал во една од ќелиите, гол и во лоша здравствена состојба, без медицинска помош. […]

Македонец – советник во Општина Поградец

јуни 25, 2015

Македонска алијанса за европска интеграција, единствената партија на Македонците во Албанија, на неделните локални избори првпат доби советничко место во Општина Поградец. Советник Општината, кој ќе ги застапува правата на Македоците, ќе биде Јован Шкмби. Партијата освои советничко место и во Општина Малиќ, кај Корча, а обезбеди мнозинство во 15-члениот совет на Општина Пустец, каде […]

Македонец загинал во сообраќајка во Шпанија

март 16, 2015

Сашо Коцев (33) од штипско Ново Село, загинал минатата недела во сообраќајна несреќа во Валенсија, во Шпанија. За инцидентот е известена и македонската амбасада, која контактирала со државните и со општинските власти, пренесува „ТВ Стар“. Според неофицијалните информации, гласини во Ново Село, Коцев загинал во бизарна сообраќајна несреќа кога негов близок другар, кој се враќал наназад со […]

Суд во Шведска ослободи Македонец, камионџиите на протест

ноември 24, 2014

Незадоволни од ослободителна пресуда за Македонец кој бил фатен додека возел со фалсификувани бугарски документи во Шведска, денеска повеќе шведски камионџии почнаа протест. Според најавите, камионџиите ќе ги паркираат своите тешки товарни возила на страничната лента од автопатите секој ден по 15 минути. Од здруженија на камионџиите тврдат дека протестот ќе трае до Божик. 44-годишниот Македонец […]

Секој втор Македонец троши по едно пакување седативи годишно

ноември 4, 2014

Напнатост, вознемиреност, нарушено спиење, страв, нервоза- сè поголем број граѓани имаат дијагностицирано депресија. „Дијазепам“, „лексилиум“, „хелекс“ – просечно, секој втор Македонец во годината употребил по едно пакување седативи. Лани се издадени повеќе од 1,6 милион рецепти. „Дијазепамот“ е најбаран, а најмногу го купувале во Берово. – Тука влегуваат само оние лекови кои се подигнати од аптека на товар на […]

Страна 1 од 1