Македонија Македонец – советник во Општина Поградец

Македонец – советник во Општина Поградец

Македонска алијанса за европска интеграција, единствената партија на Македонците во Албанија, на неделните локални избори првпат доби советничко место во Општина Поградец.

Советник Општината, кој ќе ги застапува правата на Македоците, ќе биде Јован Шкмби.

Партијата освои советничко место и во Општина Малиќ, кај Корча, а обезбеди мнозинство во 15-члениот совет на Општина Пустец, каде има осум советници, додека по третпат довербата за градоначалник му беше дадена на Едмонд Темелко.