Економија „Мајкрософт Македонија“ и „ТДК компјутери“ потпишаа договор за дистрибуција

„Мајкрософт Македонија“ и „ТДК компјутери“ потпишаа договор за дистрибуција

„Мајкрософт Македонија“ и компанијата „ТДК компјутери“ потпишаа договор за дистрибуција и тоа во делот на количинско лиценцирање (Volume Licensing ).

„Микрософт Македонија“ на почетокот на годината почна комплексна формална процедура за анализа и за ревизија на партнерската мрежа во Македонија, што резултираше со избор на „ТДК компјутери“ за доделување договор за дистрибуција за количинско лиценцирање, моделот на лиценцирање на софтверски производи за мали и за средни претпријатија со пет или повеќе ИТ-корисници.

За да ги реализираат своите заеднички планови, и двете компании најавија инвестиции во човечки ресурси и во промоција на облак-технологијата, што бргу ќе доведе до зголемување на соработката и до подобрување на бизнис-состојбата во Македонија.