Технологија Гаџети „Мајкрософт“ ќе го пензионира „интернет експлорер“

„Мајкрософт“ ќе го пензионира „интернет експлорер“

„Мајкрософт“, наводно, со „виндоус 10“ ќе лансира целосн нов интернет-прелистувач со кодно име „спартан“, кој со текот на времето би требало да го замени познатиот „интернет експлорер“, јавува порталот „зднет“.

„Спартан“ е можност за „Мајкрософт“ да го отстрани некогаш најдоминантниот прелистувач, чија популарност опаѓа од година во година, и кој го следи репутација на бавен, габаритен и неефикасен.

ИЕ своевремено имаше 90 отсто од пазарниот удел благодарение на монополската позиција на „виндоус“, сепак пазарот му го презедоа конкурентите „гугл хром“ и „мозила фајрфокс“.

Како што наведува „зднет“, „спартан“ трена да наликува на конкуренцијата, да биде многу побрз, полесен и пофлексибилен во однос на постариот брат.

Заедно со „виндоус 10“ би требало да стигне и „спартан“ и „интернет експлорер 11“, но се шпекулира дека тоа можеби ќе биде последното издание на ИЕ.