Технологија Гаџети „Мајкрософт“ ја прекинува поддршката за „виндоус 7“

„Мајкрософт“ ја прекинува поддршката за „виндоус 7“

Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека ја прекинува стандардната поддршка за „виндоус 7“, додека проширената поддршка ќе постои до јануари 2020 година.

Овој оперативен систем повеќе нема да добива нови функции или промени во дизајнот, но до 14 јануари 2020 година ќе добива сигурносни надградби.

„Виндоус“е најраспространетиот оперативен систем, бидејќи на него работат 50 отсто од компјутерите во светот.
„Мајкрософт“ минатата година ја укина поддршка за „виндоус иск-пе“ за да се фокусира на поновите верзии, или сегашната 8.1, како и на онаа што ќе се појави кон крајот на годинава – „виндоус 10“.