Свет Мајка и бебе пронајдени живи пет дена по пад на авион

Мајка и бебе пронајдени живи пет дена по пад на авион

Млада мајка и нејзиното бебе се најдени живи пет дена по авионска несреќа во џунгла во Западна Колумбија.

Осумнаесетгодишната Марија Нели Муриљо имала мали повреди и изгореници, а нејзиниот едногодишен син е во добра здравствена состојба. Тие се најдени од спасувачите во близина на падот на авионот во провинцијата Чоко и веднаш се пренесени во болница.

Авионот кој летал од градот Кибдо се урнал во саботата, а причините за несреќата сè уште не се познати.

– Ова е чудо. Ова е многу дива околина, а несреќата е катастрофална – вели полковникот Хектор Караскал од воздушните сили на Колумбија.