Хроника Мајка го пронашла синот починат во стан во Скопје

Мајка го пронашла синот починат во стан во Скопје

Вчера, околу 18 часот, С.К. (70) пријавила дека на булеварот Партизански oдреди во нејзиниот дом го пронашла починат нејзиниот син Александар К. (44).

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.