Македонија „Луфтханза“ тврди дека авионот бил исправен, а падот е необјаснив

„Луфтханза“ тврди дека авионот бил исправен, а падот е необјаснив

Директорот на „Луфтханза“, Карстен Шпор, денеска изјави дека авионот што вчера се урна бил технички беспрекорен, а несреќата ја опиша како необјаснива.

– За нас тоа е необјасниво. Авионот бил исправен, а двајцата пилоти искусни – рече Шпор на аеродромот во Франкфурт.

Поради несреќата, откажани се повеќе летови на „Џерманвингс“, пред сè, затоа што пилотите и членовите на екипажот одбиле да летаат со авионите „ербас“.