Економија „Луфтханза“ откажа 1.350 летови

„Луфтханза“ откажа 1.350 летови

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ откажа 1.350 летови поради штрајкот на пилотите, кои бараат подобри услови за пензионирање. Штрајкот стапи на сила откако раководството и пилотите не успеаја да постигнат договор.

Според податоците на авиопревозникот, повеќе од 150.000 патници се погодени од штрајкот на пилотите, кој е деветти по ред годинава.

Пилотите се противат на идејата на компанија да се применува досегашниот модел за пензионирање, според кој, пилотите се пензионираат на 55 години, но до достигнувањето на старосната пензија, добиваат 60 проценти од платата.