Хроника Љубе Бошкоски бара психијатриско вештачење на судијата во случајот „Ровер“

Љубе Бошкоски бара психијатриско вештачење на судијата во случајот „Ровер“

Бошкоски бара и изземање на судијата заради пристрасност и необјективност

На денешното судско рочиште за случајот „Ровер“, на кое беа предвидени завршни зборови, Љубе Бошкоски побарал психијатриско вештачење и изземање на судијата Илија Трпков поради пристрасност и необјективост.

„Повеќе од две години се води овој процес кој е полн со страв, а стравот кај лицето Илија Трпков предизвикува пристрасност и необјективност. Затоа лицето Илија Трпков, како и членовите на Судскиот совет, тело кое не го признавам, имаат халуцинации. Барам психијатриско вештачење на ова лице и на ова тело, исто како што ми беше направено и мене, за да се утврди дали може да го води овој процес“, изјавил Бошкоски, пренесува дневниот весник „Вечер“.

Кон барањето на Бошковски се приклучил и обвинетиот Зоран Трајковски, кој, исто така, побара одлагање на процесот сè додека Апелацискиот суд не одговори на неговата жалба за продолжување на притворот во кој се наоѓа веќе 834 дена.