Економија ЛП: Непродуктивните трошоци го земаат својот данок

ЛП: Непродуктивните трошоци го земаат својот данок

„По одлуката на ДИК за одбивање на поставеното вето од дополнителниот заменик-министер за финансии, јасно е дека државата продолжува да се задолжува (на домашниот пазар) за редовно сервисирање на обврските по основа на плати и на пензии. Тоа ја докажува алармантноста на состојбата во буџетот на државата, но и на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Вината за тоа лесно и јасно се лоцира во досегашната политика на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ,“ се вели во соопштението на Либералната партија.

Оттаму истакнуваат дека очигледно е дека непродуктивните трошоци и проекти го земаат својот данок.

„Реалниот пораст на бројот на вработени ќе значеше дека се зголемени и приходите на Фондот за ПИОМ, а тоа очигледно не е случај, туку исплатата на пензиите се врши со буџетски дотации обезбедени со дополнително задолжување. За жал, со последниот случај, станува јасно дека сервисирањето на буџетските и на „пржинските“ обврски тешко ќе се одвива паралелно,“ велат од ЛП.

Оттука, Либералната партија потсетува дека банките не може да бидат колатерала во дневно-политичките натпревари на партнерите од Договорот од Пржино.