Свет Балкан Локални избори во Хрватска

Локални избори во Хрватска

Во Хрватска утринава во седум часот се отворени избирачките места на кои граѓаните ќе можат до 19 часа да гласаат на локалните избори.

Право на глас имаат околу 3.72 милиони жители, а за 9.500 различни функции на локално и регионално ниво на власт пријавени се повеќе од 47.000 кандидати.

Изборите ги следат повеќе од 12.000 набљудувачи.