Свет Ликвидиран познатиот екстремист Белмоктар

Ликвидиран познатиот екстремист Белмоктар

Влијателниот екстремист Моктар Белмоктар, кој пред две години нареди напад на алжирската рафинерија за производство на гас, убиен е за време на американските воздушни напади во Либија, соопштија властите.

Белмоктар и останатите борци се убиени во напад на источниот град Аждаби, објавија либиските власти.

САД потврдија дека Белмоктар бил мета, но не и дека загинал, јавува „Би-Би-Си“.

Пентагон соопшти дека нападот бил успешен и оти властите сè уште ги проценуваат резултатите. Портпаролот Стив Ворен рече дека дополнително ќе бидат објавени повеќе детали.

Претходно неколкупати било неточно објавено дека Белмоктар е убиен.