Дописници Ликовна изложба на италијанскиот надреалистички уметник Росарио Меле

Ликовна изложба на италијанскиот надреалистички уметник Росарио Меле

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, од вечерва и во наредните два дена, ќе биде отворена изложбата на италјаскиот ликовен уметник Росарио Меле.

На свеченото отворање на изложбата ќе говори Елена Мишели, претседателка на Здружението „Росарио Меле“.

На свеченоста ќе биде промовирана и книга за Росарио Меле, од авторот Паоло Дондоли.

– Оваа изложба има цел да го означи враќањето на Росарио Меле, надреалистички уметник, единствен во светот кој ја откри и ја реализира техниката на „изгорена хартија“. Сакаме да ја донесеме изложбата во Охрид, Република Македонија – место со природна убавина, неверојатна и, истовремено, мистериозна и магична – порачаа од Здружението „Росарио Меле“.