Македонија Лидија Ивановска е нов претседател на Вишиот управен суд

Лидија Ивановска е нов претседател на Вишиот управен суд

Судскиот совет избра нов претседтел на Вишиот управен суд во Скопје. Тоа е Лидија Ивановска, досегашна судијка на Управниот суд, која доаѓа на местото на Розалија Кочковска која го водеше судот во периодот јули 2011 – јули 2015 година, пишува „Нова тв“.

Лидија Ивановска има 55 години, работела како стручен сооработник во Окружниот и во Врховниот суд, а за прв пат за судија е избрана во 1996 година во Основниот суд Скопје 1, каде што судела работни спорови, а од 1997 продолжува како судија на Основниот суд Скопје 2. Во декември 2010 година е избрана за судија на Управниот суд, откако претходно во неколку наврати не успеа да обезбеди место во Апелациониот суд во Скопје и Апелациониот суд во Гостивар.

Во текот на 2014 година ја извршувала функцијата заменик Претседател на Управниот суд.