Македонија Лидерите на партиите денеска ќе се договараат дали ќе ги продолжат преговорите

Лидерите на партиите денеска ќе се договараат дали ќе ги продолжат преговорите

Средба на лидерите на четирите најголеми партии во Македонија ќе се одржи денеска во Клубот на пратеници, во 13.30 часот, заедно со амбасадорите на Европската унија и на САД во земјава, Аиво Орав и Џес Бејли.

Евроамбасадорот Орав ќе го презентира извештајот подготвен од експертската група ангажирана од Европската комисија, а потоа треба да се утврди дали постои простор за преговорите да продолжат.