Свет Европа Лидер на АФД пред исфрлање од партијата за коментар за нацистичкото минато...

Лидер на АФД пред исфрлање од партијата за коментар за нацистичкото минато на Германија

Лидерите на националистичката партија Алтернатива за Германија (АФД) денеска гласаа за почнување процедура за исфрлање од партијата на истакнатиот член Бјерн Хеке, поради неговата изјава дека треба да се стави крај на традицијата на признавање на нацистичкото минато.

Две третини од партиските лидери гласаа за почеток на процедура против Хеке, кој е лидер на АФД во сојузната држава Тирингија.

Неговото исфрлање на крај ќе го разгледува партискиот суд во таа држава.

Хеке минатиот месец изјави дека Германија мора да се сврти за 180 степени кога станува збор за минатото и дека споменикот во Берлин, посветен на милиони еврејски жртви на холокаустот е „споменик на срамот“.