Свет Либиските џихадисти ја демантираат смртта на Белмоктар

Либиските џихадисти ја демантираат смртта на Белмоктар

Либиската џихадистичка група Ансар ашарија денеска демантираше дека нивниот лидер Моктар Белмоктар, загинал во американските воздушни напади извршени во текот на викендот во Либија.

Мета на нападите бил состанокот на Ансар ашарија на истокот на земјата.

Во соопштението, групата ги идентификувала седумте лица кои загинале во воздушниот напад, меѓу кои не се наоѓа Белмоктар и се тврди оти „ниту една важна личност не загинала“.

Ова не е првпат да биде објавено дека е убиен Белмоктар, кој пред две години нареди напад на алжирската рафинерија за производство на гас.