Свет Либискиот премиер преживеа атентат

Либискиот премиер преживеа атентат

Премиерот на Либија, Абдулах ал Тани, вчера избегна обид за атентат во Тобрук, на истокот на земјата, кога непознати лица отвориле оган врз автомобилот во кој се наоѓал, соопшти портпаролот на владата.

– Вооружените лица отвориле оган врз возилото на премиерот во моментот кога го напуштал местото каде се одржувала седница на парламентот – рече портпаролот.

Либискиот премиер, кого меѓународната заедница го признава, е неповреден, но еден од телохранителите е повреден во нападот, додаде портпаролот и рече дека се работи за обид за убиство на премиерот.

Напаѓачите не се идентификувани.