Свет Либералите победија на парламентарните избори во Канада

Либералите победија на парламентарните избори во Канада

Либералната партија и нејзиниот лидер, Џастин Трудо, победија на парламентарните избори во Канада со што е ставен крај на десетгодишното владеење на Конзервативната партија на премиерот Стивен Харпер.

Според неофицијалните резултати, либералите освоиле 184, а конзервативците 102 места во парламентот.

Анкетите не предвидуваа ваква победа на либералите, кои во својата предизборна платформа најавија дека привремено ќе ја зголемат државната потрошувачка.