Македонија ЛГБТИ денеска со протестно обраќање пред МРТВ

ЛГБТИ денеска со протестно обраќање пред МРТВ

Во рамки на „Недела на гордоста 2015“, Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата денеска во 13.15 часот ќе има протестно обраќање пред МРТВ.

„МРТ, како јавен сервис кој го плаќаат сите, па и ЛГБТИ-луѓето, наместо сојузник е медиум низ кој се шири хомофобија и мизогинија. Со кратко соопштение ќе им порачаме да си одат и да го вратат јавниот сервис на граѓаните“, пишува на поканата на настанот на социјалната мрежа „Фејсбук“.