Свет Ленин Морено победи на претседателските избори во Еквадор

Ленин Морено победи на претседателските избори во Еквадор

Според прелиминарните податоци од националниот изборен совет, по пребројување на 91,88 отсто од гласовите, кандидатот на владејачкиот блок, Ленин Морено, победи на претседателските избори со 51,04 отсто од гласовите, додека за неговиот противкандидат од десниот блок, Гиљермо Ласо, гласале 48,96 отсто.

„Голема вест за големата татковина. Револуцијата повторно победи, десницата е поразена, без разлика на нивните милиони и медиуми. Разликата е повеќе од два отсто. Ленин е претседател“, напиша актуелниот претседател Рафаел Кореа на „Твитер“.

Тој смета дека тоа е морална загуба за десницата.

„Нема да остане неказнето“, вети шефот на државата, кој треба да ја напушти функцијата во мај годинава.