Технологија Наука „Лексус“ направи вистинскa лебдечка штица

„Лексус“ направи вистинскa лебдечка штица

Тим на „Лексус“ развил прототип на лебдечка штица (ховерборд), налик на онаа од второто продолжение на филмскиот хит од 1980-тите „Враќање во иднината“, соопштиле вчера од компанијата, пренесува „Би-Би-Си“.

Во изработката на вистинска, реална лебдечка штица, која функционира, проектниот тим на „Лексус“ соработувал со експерти во технологијата на суперпроводници.

Како што соопштиле од компанијата за „Би-Би-Си“, нивниот тим користел магнетна левитација со суперпроводници, за чие ладење бил користен течен азот и перманентни магнети, за да се направи штица која ќе се движи без триење.

„Лексус“ ќе го тестира прототипот наредните неколку недели во Барселона.