Економија „Леар“: Фабриката ќе биде затворена сè додека не се реши случајот со...

„Леар“: Фабриката ќе биде затворена сè додека не се реши случајот со труењето

Во писменото соопштение на фабриката „Леар“, каде што синоќа беа затруени околу 200 луѓе, се вели дека фабриката ќе биде затворена сè додека не се реши случајот и додека не се осигурат дека нема да се повтори.

„За компанијата „Леар“ ништо не е поважно од здравјето и од благосостојбата на вработените. Ние имаме одлични услови за здравје и за безбедност во нашите фабрики. Внимателно ги следиме инструкциите на локалните здравствени власти за да го истражиме овој изолиран инцидент“, велат оттаму.

Во Клиничката болница во Тетово во моментов на лекување е задржано едно лице од вкупно 183 работници, информираше директорот, Флорим Бесими.