Свет Европа Ле Пен ослободена од обвиненијата за поттикнување омраза

Ле Пен ослободена од обвиненијата за поттикнување омраза

Судот во Лион денеска ја ослободи лидерката на француската партија Национален фронт, Марин ле Пен, од обвиненијата за поттикнување омраза за време на предизборната кампања во декември 2010 година.

Ле Пен тогаш ги спореди муслиманите кои се молат на улиците со нацистичката окупација на Франција во Втората светска војна.

Лидерката во октомври пред судот изјави дека не го прекршила законот.

Обвинението е покренато во јули 2014 година, откако на Ле Пен ѝ беше укинат имунитетот како пратеник на Европскиот парламент.

Случајот првобитно е отфрлен минатата година пред судот во Лион, но повторно е покренат на иницијатива на антирасистичките групи, кои поднесоа граѓанска тужба.