Свет Европа Ле Пен го откажа состанокот со либанскиот муфтија, не сакала да ја...

Ле Пен го откажа состанокот со либанскиот муфтија, не сакала да ја покрие главата

Претседателката на Националниот фронт и кандидатка на екстремната десница за претседателските избори во Франција, Марин ле Пен, го откажа состанокот со големиот либански муфтија Абдул Латиф Дериан.

Ле Пен го откажала состанокот затоа што го одбила барањето да ја покрие главата.

– Можете да му го пренесете моето почитување на големиот муфтија, но јас нема да се покријам – изјави Ле Пен пред новинарите.

Прес-службата на големиот муфтија соопшти дека соработниците на претседателката на Народниот фронт биле однапред известени за барањето Ле Пен да ја покрие главата за состанокот со муфтијата.