Македонија ЛДП: Да престане хајката против амбасадорите пријатели на Македонија

ЛДП: Да престане хајката против амбасадорите пријатели на Македонија

Либерално-демократската партија изрази загриженост за последните соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ, со кои, како што велат, свесно се нанесува штета на односите помеѓу државата и западните земји – пријатели на Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ во еден ден успеа да се скара со САД, Германија и со ЕУ, откако без трошка срам и почит кон функцијата, безочно бараше „виновници“ за политичката криза во амбасадорите Бејли, Алтхаузер и Жбогар. Порачуваме веднаш да престане политичкиот „лов на вештерки“, насочен кон западните земји и кон нивните претставници во Република Македонија и сакаме да потсетиме дека САД и Германија, заедно со членките на Европската Унија, се едни од најголемите поддржувачи на државата, од независноста до денес“, велат од партијата.

ЛДП изрази благодарност и безрезервна поддршка кон амбасадорите што биле на удар од досегашна владејачка гарнитура.