Македонија ЛДП бара одговорност за употребата на прекумерна сила од полицијата

ЛДП бара одговорност за употребата на прекумерна сила од полицијата

Либерално демократската партија (ЛДП) се придружува кон заложбите на „Хјуман рајтс воч“ за одговорност на сите инволвирани полициски службеници од ЕБР.

„Либерално-демократската партија изразува сериозна загриженост по последниот извештај на светски реномираната организација „Хјуман рајтс воч“, во кој е констатирано дека припадниците на Единицата за брзо распоредување употребиле прекумерна сила кон демонстрантите на 5 мај годинава. Притоа, „Хјуман рајтс воч“ напоменува државата да не го сокрие под „тепих“ она што се случувало таа ноќ. Либерално-демократската партија се придружува кон заложбите на „Хјуман рајтс воч“ за одговорност на сите инволвирани полициски службеници од ЕБР кои ги пречекориле своите овластувања и употребиле прекумерна сила кон насобраните граѓани, како и за нивните наредбодавци“, стои во соопштението од ЛДП.

Од партијата апелираат до истражните органи во државата што поскоро да ги откријат насилниците во ЕБР и да биде преземена одговорност.