Македонија Лажни дојави за бомби во објекти во Охрид и Кратово

Лажни дојави за бомби во објекти во Охрид и Кратово

Дојави за бомби пристигнале на адресите на едно училиште, хотел, такси-компанија и деловни објекти во Охрид, како и до еден кратовски кабелски оператор

Фото: МВР

Дојави за бомби денеска стигнале на адресите на неколку институции и бизниси во Охрид и Кичево, а за сите било утврдено дека се лажни, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Утрово околу 10 часот, полицијата добила пријава за поставени бомби во едно училиште, хотел, такси-компанија и два деловни објекти во Охрид. СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презеле мерки и извршиле детални проверки на локациите, по што било констатирано дека се работи за лажни пријави.

Околу 10 часот и 45 минути, пак, вработена во кабелски оператор во Кратово пријавила дека преку СМС-порака добиле закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници биле преземени мерки и била извршена проверка на локацијата, по што било констатирано дека се работи за лажна пријава.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.