Свет Европа Лажна тревога на железничка станица во Париз

Лажна тревога на железничка станица во Париз

Париската Источна железничка станица е затворена и евакуирана откако на шините е забележан сомнителен пакет, јавуваат француските медиуми, наведувајќи дека станувало збор за лажна дојава.

Неименуван полициски службеник соопштил дека станицата е превентивно затворена и евакуирана во осум часот наутро, но еден час подоцна сообраќајот е нормализиран.

Источната железничка станица во Париз е една од најважните станици во Париз, која го поврзува главниот град со останатите градови и со источните делови на земјата.

Француските власти синоќа притворија 12 лица во предградијата на Париз, а апсењата се поврзани со минатонеделните терористички напади.

Во тек е рација во Монруж, каде Амеди Кулибали минатата недела уби полицајка, во Грињи, каде Кулибали израснал, како и во Флори-Мерозис и во населбата Елпине на Сена, северно од Париз.