Македонија Лажна дојава за бомба во Народната банка

Лажна дојава за бомба во Народната банка

МВР апелира до граѓаните да не се вознемируваат, особено имајќи ги ум воспоставените безбедносни протоколи имплементирани од НБРСМ

Фото: Архива на Мета.мк

Пријавата за бомба наводно поставена во зградата на НБРСМ во Скопје е лажна, соопштува Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од МВР апелираат до граѓаните да не се вознемируваат, особено имајќи ги на ум воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите, кои и НБРСМ ги имплементира.

По добиената пријава, Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност ги извршила потребните проверки и утврдила дека станува збор за лажна пријава.