Свет Европа Лавров: Поделба на Украина не е прифатлива

Лавров: Поделба на Украина не е прифатлива

Украина треба да остане единствена и поделба на таа земја е неприфатлива, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

– Сакаме во Украина да завладее мир, а за тоа е потребно Украина да биде единствена и неутрална. Таа не може да се дели на парчиња. За Украина да остане единствена, треба да ги исполни обврските во врска со децентрализацијата – рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија изјави дека американскиот систем за противракетна одбрана претставува закана за Русија, но оти Исламска држава во овој момент е најголем непријател.