Свет Лавров очекува САД да го почитуваат прекинот на огнот во Сирија

Лавров очекува САД да го почитуваат прекинот на огнот во Сирија

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изрази надеж дека Вашингтон ќе го одржи својот дел од договореното од прекинот на огнот во Сирија, кој треба да стапи на сила на полноќ.

Лавров рече дека не постои алтернативен план од договорот.

– Веќе рековме за планот Б – никогаш такво нешто не постоело, ниту ќе постои – изјави Лавров.

Во меѓувреме, Русија и САД до Советот за безбедност на ОН поднесоа предлог-резолуција со која се повикува на целосно почитување на договрениот прекин на огнот во Сирија.

Во предлог-резолуцијата се бара од сириската армија и од опозициските групи да ги прифатат и да ги поддржат условите за прекин на борбените дејства и да учествуваат во него.

Кон предлог-резолуцијата, која денеска би требало да биде усвоена, се приложени и руско-американската декларација за прекин на огнот во Сирија, што беше усвоена во понеделникот, како и листа на групите што најавиле дека ќе го почитуваат примирјето.