Свет Европа Лавров: Можен состанок за Украина на маргините на самитот на Г20

Лавров: Можен состанок за Украина на маргините на самитот на Г20

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров соопшти дека на маргините на дводневниот самитот Групата 20 најразвиени држави и држави со забрзан развој (Г20) во кинескиот град Хангжу, можно е лидерите на Русија, Украина, Франција и Германија да имаат состанок посветен на мировниот процес во Украина.

Рускиот министер соопшти дека иницијативата за средбата дошла од Киев и додаде дека Москва е подготвена за вакви разговори во Кина.

Самитот на Г20 во Хангжу треба да се одржи на 4 и 5 септември.