Технологија Гаџети Лансирана социјална мрежа за компании – „Фејсбук на работа“

Лансирана социјална мрежа за компании – „Фејсбук на работа“

„Фејсбук“ вчера и официјално ја лансираше својата услуга за правни лица, која им овозможува на организациите да имаат компаниска социјална мрежа „Фејсбук на работа“ (Facebook at Work).

Новата понуда се темели на верзијата на „Фејсбук“, која е достапна преку главната интернет-страница, а која им овозможува на компаниите да создаваат сопствена социјална мрежа.

Станува збор за решение за компаниска социјална мрежа, која е многу блиска со сегашната ергономија и функционалностите на „Фејсбук“.

Апликацијата „Работа“ (Work), е направена за оперативните системи и на „Епл“ и на „Гугл“, а сè е прилагодено за мобилен пристап.

Новата верзија на „Фејсбук“, како што наведуваат од компанијата, уште извесно време ќе биде во бета (тест) фаза.