Економија Лагард: Забавувањето на кинеската економија не е катастрофа за глобалните пазари

Лагард: Забавувањето на кинеската економија не е катастрофа за глобалните пазари

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, денеска оцени дека забавувањето на економијата на Кина нема да предизвика катастрофа за глобалната економија и дека потресите што ги погодуваат финансиските пазари „се нормална појава“.

Лагард зборуваше на последниот ден од одржувањето на Светскиот економски форум во Давос, каде што информациите за забавувањето на економијата на Кина предизвикаа страв меѓу учесниците од редовите на глобалната финансиска елита, пренесува агенцијата АФП.

Шефицата на ММФ се осврна и на проблемот со мигрантите, истакнувајќи дека бегалската криза ја доведе Европа до пресвртница и ја загрозува шенген-зоната. Нејзин став е дека оваа криза треба да се реши што побргу.