Економија Лагард: Светскиот економски пораст ќе биде послаб од очекуваното

Лагард: Светскиот економски пораст ќе биде послаб од очекуваното

Светскиот економски пораст веројатно ќе биде послаб од очекуваното, предупреди Кристин Лагард, претседателка на Меѓународниот монетарен фонд.

Причините за најавеното забавување, според Лагард, се послабото закрепнување на развиените земји и помалиот пораст кај брзорастечките економии.

„Генерално, очекуваме развојот во светот да остане умерен и веројатно послаб отколку што се очекуваше во јули годинава“, изјави Лагард при дводневната посета на Индонезија.