Економија Кувајт купува француски хеликоптери во вредност од една милијарда евра

Кувајт купува француски хеликоптери во вредност од една милијарда евра

Кувајт потпиша договор за купување на 30 француски хеликоптери во вредност од една милијарда евра, соопшти денеска француското министерство за одбрана.

Францускиот министер за одбрана, Жан-Ив ле Дријан потпиша договор за продажба на 30 француски хеликоптери во Кувајт, пренесуваат светските медиуми. Од нив, 24 се наменети за војската, а шест за националната гарда на Кувајт.

Купувањето на хеликоптерите беше најавено во 2015 година кога двете земји потпишаа трговски договор во вредност од 2,5 милијарди евра.