Свет Курдите го зазеле воениот аеродром кај Алепо

Курдите го зазеле воениот аеродром кај Алепо

Курдските борци потпомогнати со силно руско бомбардирање, синоќа го зазеле поранешниот воен аеродром, кој бил во рацете на бунтовниците во близина на границата со Турција, објавија бунтовниците и сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Организацијата ги потврди претходните извештаи за тешки борби меѓу Курдите и исламистичките бунтовници за аеродромот „Менагх“, кој е на 30 километри северозападно од Алепо.

Опсерваторијата додаде дека руските авиони извеле најмалку 30 напади врз бунтовниците што ја држеле воената база.
Со губењето на аеродромот „Менагх“, исламистите ја изгубиле и последната воена база во покраината Алепо.