Дописници Кумството на Јоксимовиќ забележано во меидумите во Србија

Кумството на Јоксимовиќ забележано во меидумите во Србија

Дел од меидумите во Република Србија го забележаа кумството во Охрид на манифестацијата Богојавление – Водици, на омилениот пејач во оваа земја, Жељко Јоксимовиќ.

Мегу другите, настанот го регистрираа „Вечерње новости“, како и еден од најчитаните интернет-портали на просторите на поранешна Југославија, српски „Курир“.

Самиот Јоксимовиќ, на крајот од манифестацијата, се огласи со објава на својот фејсбук-профил, во која напиша: „Сакам да им се заблагодарам на граѓаните на Македонија, кои ми укажаа вонредна чест со поканата да бидам кум на свеченостите за Водици – Богојавление во Охрид, како и на несекојдневното гостопримство и љубезност. Се гледаме наскоро“.

Организаторите на манифестацијата во Охрид, не можат да бидат задоволни од посетеноста. Реално, таа беше далеку од нивната проектирана бројка – 30.000. Причините треба дополнително да се истражуваат. Дали само дождот и времето, дали сите контраверзии и меѓусебните обвинувања непосредно пред манифестацијата или нешто друго? На медиумски план, кумството на Јоксимовиќ, сепак, донесе поени, иако со подобра промоција можеше да биде искористено далеку попродуктивно.