Хроника Кумановка осомничена за кражба на струја

Кумановка осомничена за кражба на струја

Триесет и шестгодишна кумановка е осомничена дека со интервенција на електирчното броило, без согласност на „ЕВН Македонија“, крадела струја во нејзината аптека, информираат од полицијата.

Против осомничената, СВР Куманово поднел пријава за кражба и за симнување и оштетување службен печат или знак.

Како што информираат од полицијата, Н.М., во неутврден период до 30 декември 2014 година, без согласност на „ЕВН Македонија“, ги скинала пломбите со кои било запечатено електричното броило и извршила преместување на мерната опрема заради нерегистрирање на потрошената електрична енергија во нејзината аптека, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 270.000 денари.