Хроника Кумановец олеснат за 743.500 денари

Кумановец олеснат за 743.500 денари

Непознато лице вчера ја ограбило куќата на 53-годишниот кумановец З.Ш., соопшти МВР.

Крадецот ја прескокнал оградата од куќата и со употреба на сила и на соодветен алат ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел златен накит и 550 евра, по што го напуштил местото на настанот.

Вредноста на украдената стока се проценува на 743.500 денари. Увид на местото на кражбата извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.