Македонија Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани воодушеви во Паралија

Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани воодушеви во Паралија

Детскиот и младински фолклорен ансамбал при Културно-уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани, не само што настапи и ја презентираше македонската култура и традиција на Меѓународниот фестивалот за музика и танци „Музика и море“ во Паралија, Грција, туку од организаторот доби дополнителна 15-минутна програма на свеченоста по повод доделувањето на главната награда на фестивалот.

Покрај настапите во официјалната програма на фестивалот во Паралија, младите членови на „Дримкол“ ја воодушевија публиката и во Катерини и на Олимпик бич.

Во рамките на овој фестивал се организира и Балканска фолклорна вечер во Атина, на која македонската култура и традиција ќе ја претставува сениорскиот состав на фолклорниот ансамбл на „Дримкол“.