Македонија Кукан и Мекалистер: Веруваме дека политичарите ќе ја искористат историската шанса

Кукан и Мекалистер: Веруваме дека политичарите ќе ја искористат историската шанса

Договорот од Преспа е историска можност за Македонија и веруваме дека политичарите, и покрај тешкотијата на изборот, ќе ја искористат оваа историска шанса да ја обликуваат евро-атлантската иднина на Поранешната југословенска република Македонија, порачаа Дејвид Мекалистер, претседател на Комисијата за надворешни работи во Европскиот Парламент и Едуард Кукан, претседател на работната група за Западен Балкан при комисијата за надворешни работи во Европскиот Парламент.

„Договорот од Преспа од 17 јуни 2018 дава историска можност да се обезбеди европската иднина на Поранешната југословенска република Македонија. Влегувањето во ЕУ е стратегиски избор базиран на вредностите, при што помирувањето и добрите меѓуетнички и добрососедски односи се клучните компоненти на политиката за проширување на ЕУ. Парламентарците во Собранието – коишто не се сврзани и имаат слободен мандат – имаат клучна одговорност да го дефинираат политичкиот правец на земјата. Го сфаќаме тешкиот избор во врска со применувањето на Преспанскиот договор. Сепак, верувам дека сите политички актери ќе ја искористат оваа единствена шанса конструктивно да ја обликуваат евро-атлантската иднина на Поранешната југословенска република Македонија. Користејќи ја оваа шанса, Собранието треба да ја преземе својата одговорност и да го отвори патот кон успешна, просперитетна и европска земја“, велат Кукан и Мекалистер во заедничкото обраќање во исчекување на гласањето во Собранието за владиниот предлог за уставни измени.